19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално потврден трансферот на Мбапе во ПСЖ

Официјално потврден трансферот на Мбапе во ПСЖ

Фудбалскиот клуб ПСЖ потврди дека Килијан Мбапе пристигна во клубот и дека првата сезона ќе настапува како позајмен играч од страна на Монако, а по завршувањето на сезоната неговиот договор ќе биде откупен за сума од 180 милиони евра.

Дека 18-годишниот напаѓач ќе го напушти Монако беше јасно од почетокот на летниот преоден рок, а во последните неколку дена стана јасно дека тој ќе се пресели во Париз.

Според информациите од Франција, ПСЖ наредната сезона за тинејџерот ќе плати 145 милиони евра, а останатите 35 милиони евра ќе бидат исплатени низ разни бонуси.

Мбапе е второто големо засилување за ПСЖ по доаѓањето на Нејмар, кој на „Паркот на Принцовите“ пристигна за рекордна сума од 222 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП