12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Блескави изданија на Шредер и Драгиќ (видео)

Евробаскет: Блескави изданија на Шредер и Драгиќ (видео)

Репрезентациите на Словенија, Германија и Грција забележаа победи на стартот на 42 Европско првенство. Првиот ден на програмата се дуелите во А и Б групите, во Финска (Хелсинки) и Тел Авив (Израел).

Првиот меч на првенството го одиграа Словенија и Полска, во А групата, кој заврши со победа на Словенците 90:81.

Блескаше на овој меч НБА ѕвездата на Мајами Хит, Горан Драгиќ, кој натпреварот го заврши со 30 поени. Голема помош во играта Драгиќ доби од тандемот на мадридски Реал Лука Дончиќ (11 поени, 8 скока, 6 асистенции) и Ентони Рендолф (7 поени и 10 скока).

Матеуж Понитка со двоен ефект од 22 поени и 11 скокови ја предводеше Полска.

Грција во вториот меч од групата го декласира Исланд со 90:61. Грците по 11 минути игра имаа предност 29:10, но до крајот на полувремето Исланѓаните се вратија во мечот со серијата 5:19 (34:29).

Во вториот дел играта на Исланд се распадна па Грците рутински стигнаа до победата.

Никос Папас со 20 и Јоргос Принтезис со 17 кошеви беа најфикасни кај Грција, додека Хаукур Палсон со 21 кош беше најефикасен во редовите на Исланд.

Германија во Б групата ја победи Украина 75:63. Блескаше во германската репрезентација играчот на Атланта Хокс, Денис Шредер со 32 поени и 7 асистенции.

Украинците ја добија првата четвртина со 9:16, но на полувремето Германија имаше предност 39:33. Во второто полувреме Германците создадоа двоцифрена предност која не ја испуштија до крајот на мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП