2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаксим Максимов е нов играч на Вардар

Максим Максимов е нов играч на Вардар

Рускиот интернационалец Максим Максимов (21) е нов играч на македонскиот шампион Вардар. Максимов со „црвено-црните“ потпиша тригодишен договор.

Максимов во Скопје дојде од литванскиот клуб Тракаи за кој оваа сезона постигна седум гола во квалификациите на Лига Европа.

„Знам за Вардар дека е голем клуб и дека во последните години е редовен шампион на Македонија. Клубот секогаш оди на титула, на највисок пласман, а оваа година стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот во групната фаза од Лига Европа. Од оваа сезона очекувам да ја одбраниме титулата во првенството, да освоиме што е можно повеќе бодови во групата во Лига Европа. Зошто да не да продолжиме понатаму во следната фаза“, истакна Максимов за официјалната страница на Вардар.

Максимов посакува да ја продолжи својата голгетерска форма и во новиот клуб и да постигне што е можно повеќе голови. „Ова за мене е нов предизвик, поинаков од досегашните. Вардар е добра можност да ги покажам моите квалитети, да ги покажам моите амбиции. Се надевам дека ќе ја продолжам мојата форма и дека ќе продолжам да давам голови и во дресот на Вардар, кои ќе му донесат успех на тимот. Верувам дека бргу ќе се адаптирам во новата средина. Знам дека има неколку фудбалери во екипата кои зборуваат руски јазик и верувам дека ќе ми помогнат за да се приспособам во новиот клуб, а јас на секој тренинг и на секој натпревар ќе давам максимум за да ја оправдам довербата“.

Максим Максимов е роден 1995 година во Воронеж. Првите фудбалски чекори ги почнува во фудбалската школа во својот роден град, а потоа преку рускиот тим Факел заминува во Литванија во тимовите Атлантас и Тракаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП