5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЉоренте се пресели во редовите на Тотенхем

Љоренте се пресели во редовите на Тотенхем

Поранешниот шпански репрезентативец Фернандо Љоренте го напушти Свонси и се пресели во редовите на Тотенхем. Клубот од северен Лондон за Љоренте плати 16 милиони фунти.

Англиските медиуми денес објавија дека Тотенхем ја добил трката со градскиот ривал Челси за потписот на Љоренте.

Иако Челси беше фаворит за потписот на Љоренте бидејќи напаѓачот соработуваше со Антонио Конте во Јувентус, тој сепак се одлучи за Тотенхем, односно за визијата што ја има Маурисио Покетино.

Љоренте во кариерата играл за Атлетик Билбао, Јувентус и Севилја, а минатата сезона со своите 15 гола му помогна Свонси да избори опстанок во Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП