6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКојашевиќ и Вардар спогодбено го раскинаа договорот

Којашевиќ и Вардар спогодбено го раскинаа договорот

Црногорскиот репрезентативец Дамир Којашевиќ и Вардар спогодбено го раскинаа договор.

Којашевиќ дојде во Вардар во јануарскиот преоден рок во 2016 година, настапи на 50 натпревари, на кои постигна 13 гола. Којашевиќ зад себе запиша 40 настапи во првенството, седум во Лигата на шампионите и Лига Европа и три во Купот на Македонија.

Вардар во финишот на преодниот рок остана и без репрезентативецот Стефан Спировски, кој својата кариера ќе ја продолжи во унгарски Ференцварош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП