17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНани ќе ги засили „небесносините“ од Рим

Нани ќе ги засили „небесносините“ од Рим

Португалскиот репрезентативец Нани (32) утрово слета на аеродромот во Рим и се упати кон просториите на Лацио. Кога ќе ги мине лекарските прегледи, Нани ќе стане член на „небесносините“.

Нани во Лацио ќе настапува како позајмен играч од Валенсија, а по завршувањето на сезоната римскиот клуб ќе може да го откупи неговиот договор за осум милиони евра.

Крилниот напаѓач во кариерата има настапувано и за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед и Фенербахче, а со португалската репрезентација, за која има одиграно 110 натпревари, ја освои европската титула во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП