16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООкслејд-Чембрлен се сели во Ливерпул

Окслејд-Чембрлен се сели во Ливерпул

Арсенал и Ливерпул го договрија трансферот на Алекс Окслејд-Чембрлен. Британсите медиуми објавија дека трансферот изнесува 40 милиони евра.

Окслејд-Чембрлен по секоја цена сакаше да замине од Арсенал, ден претходно тој одби да се пресели во Челси и покрај тоа што клубовите го договорија трансферот.

Англискиот репрезентативец поради навивачите не сакаше да се пресели на „Стенфорд Бриџ“, но без размислување ја прифати понудата на Ливерпул.

Чембрлен сезонава беше стартер на сите натпревари во дресот на Арсенал, иако на меннаџерот Арсен Венгер му соопштил дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната.

Крилниот играч во Арсенал пристигна од Саутемптон во 2011 година, а за „топџиите“ одигра вкупно 198 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП