ПочетнаИНТЕРЕСНОХеведес на позајмица во Јувентус

Хеведес на позајмица во Јувентус

Германскиот репрезентативец Бенедик Хеведес до крајот на сезоната како позајмен играч од Шалке ќе настапува во редовите на Јувентус, соопшти италијанскиот шампион.

Јувентус во соопштението наведува дека за 29-годишниот дефанзивец платил 3,5 милиони евра, а доколку тој сезонава одигра најмалку 25 натпревари сумата ќе се искачи до 13,5 милиони евра.

Хеведес за Германија има одиграно 44 натпревари, а беше и дел од тимот кој го освои светското првенство во Бразил пред три години.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП