29 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиксон нема да настапи не Евробаскетот

Диксон нема да настапи не Евробаскетот

Домаќинот на Евробаскетот, Турција, на денот кога започнува континеталниот шампионат доживеа тежок удар, бидејќи поради повреда турнирот ќе го пропушти натурализираниот играч Боби Диксон (Али Мухамед).

Неиграњето на стартниот плејмејкер е голем удар за Турција, чии селектор Уфук Сариџа претходно остана без уште тројца играчи (Енес Кантер, Омер Ашик, Ерсан Иљасова).

Натурализираниот Американец зад себе има одлична сезона на клупски план, во која со Фенербахче освои три трофеи.

Турција Евробаскетот ќе го отвори утре против Русија. Покрај овие две репрезентации во Д групата уште се Србија, Летонија, Белгија и Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП