6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУСОпен: Кирјос испадна во прво коло, Чориќ го елиминира Зверев

УСОпен: Кирјос испадна во прво коло, Чориќ го елиминира Зверев

Ник Кирјос не успеа да го мине првото коло на Отвореното првенство на САД во тенис откако загуби од Џон Милман со 6:3, 1:6, 6:4, 6:1.

Кирјос, кој на последниот Гренд слем беше поставен за 14 носител, на дуелот со Милман имаше проблеми со десната рака. На почетокот на третиот сет тој побара медицинска помош.

Австралиецот во третиот и четвртиот сет имаше шоу на теренот, поради што и беше опоменат од судијата Алберт Рамос.

За разлика од Кирјос, одличен настап во првото коло имаа играчите од балканските простори, Дамир Џумхур и Борна Чориќ.
Џумхур лесно славеше во три сета (7:5, 7:6, 6:1) против Уругваецот Пабло Куевас, додека Чориќ во второто коло го елиминира фаворизиранито Германец Александар Зверев со 3:6, 7:5, 7:6, 7:6.

Второто коло го мина и шампионот од пред две години Марин Чилиќ кој со 6:3, 6:3, 6:3 славеше над Флоријан Мајер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП