26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПретставен новиот модел Honor 9

Претставен новиот модел Honor 9

Компанијата „Huawei“ го претстави најновиот „Honor“ модел за 2017-та – „Honor 9“. Смартфонот се истакнува со „3D“ стаклото и металното куќиште кое создава суптилен метален отсјај, нешто целосно ново во дизајнот на паметните телефони.

Со подобрената камера со двоен објектив од 20MP + 12MP, oдличен квалитет на звукот и моќен процесор, „Honor 9“ ќе им овозможи на корисниците да го истражуваат светот околу себе и уживаат во него.

Се произведува во повеќе внимателно одбрани нијанси, а предник од оваа нова палета боја е „глечер“ сива, единствена боја која ја измисли брендот „Honor“. Toновите на сива боја се инспирирани од синиот мраз, редок феномен кој го одзема здивот и кој ќе може да се најде во поларните предели.

Стаклениот дизајн на екранот „Honor 9“ го подигнува на уште повисоко ниво со помош на посебното „3D“ стакло направен од 15 внимателно израбни слоеви, што овозможува светлоста да се рефлектира на задната страна на секогаш различен начин, станувајќи така најдобра дополнителна опрема на овој смартфон. „RGB“ објективот на неговата камерно верно ги доловува живописните детални бои од светот околу нас, додека монохороматскиот објекти обезбедуваат дополнителен контраст и деталност на информациите.

Покрај можностите за правење слики во движење и портрети, „Honor 9“ поседува и „Kirin 960“ процесор, со 4GB RAM меморија и системот „EMUI 5.1“, одличниот „Huawei Histen“ звук со помош на звучни ефекти, додека соработката со компанијата „Monster“ резултираше „Honor Purity“ единственот систем го изедначува звукот кој е дизајниран за „Honor 9“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП