22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУтре започнува 42-рото Европско првенство во кошарка

Утре започнува 42-рото Европско првенство во кошарка

Утре во Финска, Романија, Израел и во Турција ќе започне 42. Европско првенство во кошарка. На Евробаскетот ќе учествуваат 24 репрезентации, меѓу нив ја нема Македонија, која учествуваше на претходните четири континентални првенства. Титулата ја брани репрезентацијата на Шпанија.

Ниту една репрезентација на Евробаскетот нема да настапи во најсилен состав, голем број кошаркари го откажаа учеството поради повреди или поради тоа што решија да го прескокнат ЕП.

Најмногу проблеми во составувањето на тимот имаше селекторот на олимпискиот вицешампион Србија. Селекторот Александар Ѓорѓевиќ остана без најдобриот играч Милош Теодосиќ, НБА-ѕвездите Никола Јокиќ и Немања Бјелица, а во текот на подготовките поради повреди, отпаднаа Марко Симоновиќ, Мирослав Радуљица, Никола Калиниќ, Немања Недовиќ.

Шпанија, според прогнозите најголемиот фаворит за титулата, ќе биде без Никола Миротиќ, Серж Ибака и Серхио Љуљ.

Хрватска се надева дека на ова ЕП ќе може да го прекине проклетството и по 22 години да освои медал, но селекторот Александар Петровиќ остана без услугите на тројца квалитетни млади играчи, кои кариерата ја градат во НБА-лигата: Марио Хезоња, Ивица Зубац и Анте Жижиќ.

Франција по повеќе години нема да биде предводена од Тони Паркер, кој минатото лето стави крај на репрезентативната кариера, а голем хендикеп за селекторот Венсан Коле е откажувањето на Николас Батум и Руди Гобер.

Турција ќе биде домаќин на натпреварите во Д-групата и на самата завршница, но Евробаскетот ќе го пропуштат Енес Кантер, Омер Ашик и одличниот крилен играч Ерсна Иљасова.

Грците имаа големи амбиции, но патот до освојување медал ќе им биде далеку потежок без првата ѕвезда Јанис Адетокумбо, кој во последен момент во договор со клубот го откажа настапот.

Хендикепирана е и Италија, во чии редови ќе ги нема поранешниот прв пик на НБА-драфтот Андреа Барњани и НБА-играчот Данило Галинари.

Од фаворитите за медал комплетна е само селекцијата на Литванија, која на последното ЕП го освои сребрениот медал. Литванците во своите редови ги имаат своите најдобри играчи кои ги предводи центарот на Торонто репторс, Јонас Валанчиунас.

Европското првенство ќе заврши на 17 септември. Првата фаза, која почнува утре, ќе заврши на 7 септември, а два дена подоцна ќе почне нокаут-рундата, во која пласман ќе изборат најдобрите четири селекции од секоја група.

Распоред на натпреварите на 42. Европско првенство во кошарка, кое од 31 август до 17 септември ќе се игра во Турција, Финска, Романија и во Израел.

Група А (Хелсинки):

1. коло (31 август):
Словенија-Полска (12.45 часот)
Исланд-Грција (15.30)
Франција-Финска (19)

1. коло (2 септември):

Полска-Исланд (12.45)
Грција-Франција (15.30)
Финска-Словенија (19)

2. коло (3 септември):

Франција-Исланд (12.45)
Словенија-Грција (15.30)
Финска-Полска (19)

3. коло (5 септември):

Исланд-Словенија (12.45)
Полска-Франција (15.30)
Грција-Финска (19)

4. коло (6 септември)

Словенија-Франција (13.45)
Грција-Полска (16.30)
Финска-Исланд (19.45)

Група Б (Тел Авив):

1. коло (31 август):

Германија-Украина (14.45)
Литванија-Грузија (17.30)
Италија-Израел (20.30)

2. коло (2 септември):

Грузија-Германија (14.45)
Украина-Италија (17.30)
Израел-Литванија (20.30)

3. коло (3 септември):

Грузија-Украина (14.45)
Литванија-Италија (17.30)
Германија-Израел (20.30)

4. коло (5 септември):

Украина-Литванија (14.45)
Италија-Германија (17.30)
Израел-Грузија (20.30)

5. коло (6 септември):

Германија-Литванија (13.45)
Грузија-Италија (16.30)
Израел-Украина (19.45)

Група Ц (Клуж):

1. коло (1 септември):

Унгрија-Хрватска (14)
Шпанија-Црна Гора (16.45)
Романија-Чешка (19.30)

2. коло (2 септември):

Црна Гора-Унгарија (14)
Чешка-Шпанија (16.30)
Хрватска-Романија (19.30)

3. коло (4 септември):

Унгарија-Чешка (14)
Црна Гора-Хрватска (16.45)
Шпанија-Романија (19.30)

4. коло (5 септември):

Чешка-Црна Гора (14)
Хрватска-Шпанија (16.45)
Романија-Унгарија (19.30)

5. коло (7 септември):

Чешка-Хрватска (13.30)
Унгарија-Шпанија (16.15)
Црна Гора-Романија (19.45)

Група Д (Истанбул):

1. коло (1 септември):

Белгија-Велика Британија (13.15)
Србија-Летонија (16)
Турција-Русија (20)

2. коло (2 септември):

Летонија-Белгија (13.15)
Русија-Србија (16)
Велика Британија-Турција (20)

3. коло (4 септември):

Летонија-Велика Британија (13.15)
Белгија-Русија (16)
Турција-Србија (20)

4. коло (5 септември):

Русија-Летонија (13.15)
Велика Британија-Србија (16)
Турција-Белгија (20)

5. коло (7 септември)

Русија-Велика Британија (13.30)
Белгија-Србија (16.15)
Летонија-Турција (19.45)

Осмина-финале (Истанбул):

9 септември:

Б2-А3
А1-Б4
Б1-А4
А2-Б3

10 септември:

Ц1-Д4
Д2-Ц3
Ц2-Д3
Д1-Ц4

Четврт-финале (Истанбул):

12 септември:

Б2/Д3-Ц1/Д4
А1/Б4-Д2-Ц3

13 септември:

Б1/А4-Ц2/Д3
А2/Б3-Д1/Ц4

Полуфинале (Истанбул):
14 и 15 септември (20.30 ч)

Натпревар за 3. место (Истанбул):

17 септември (16 ч)

Финале (Истанбул):

17 септември (20.30 ч).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП