9 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНООкслејд-Чембрлен го одби Челси, сака да игра за Ливерпул

Окслејд-Чембрлен го одби Челси, сака да игра за Ливерпул

Арсенал ја прифати понудата на Челси од 40 милиони евра за Алекс Окслејд-Чембрлен (24), но фудбалерот го одбил трансферот на „Стенфорд Бриџ“.

Окслејд-Чембрлен од две причини го одбил Челси, првата е бидејќи не сака да ги разочара фановите со преселбата во омрзениот лондонски ривал, а втората е бидејќи тој смета дека во Челси менаџерот Конте би го ставил на позицијата десен бек за разлика од неговата природна позиција во редот за врска.

Иако не сака трансфер во Челси, популарниот Окс има намера да го напушти Арсенал. Негова желба е Ливерпул, кој пред понудата на Челси за неговите услуги на „топчиите“ им понуди 32,5 милиона евра.

Окслејд-Чембрлен има договор со Арсенал уште оваа сезона, што значи дека доколку остане во тимот, по завршувањето на првенството ќе може да замине како слободен играч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП