28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYoutube изгледа поразлично, што се промени?

Youtube изгледа поразлично, што се промени?

Многу корисници веќе можат да ги забележат значителните промени во „Youtube“, oд дизајнот до функциите. Што точно беше променето?

Црвеното копче за репродукција е преместено од делот „tube“ во логото на самиот почеток. Обрнете внимание на новиот фонт и боја.

Под препорачаните видео-снимки, воведен е материјал на „Google“. Естетскиот дизајн исто така е поразличен – помалку црвена боја, повеќе бел простор и повеќе позиции за видео-снимки.

Десктоп верзијата на „Youtube“ значително се промени во последните 12 години, од нејзиното настанување.

Дури и изгледот на мобилната апликација е променет. Има повеќе бели позиции, додека црвениот банер на врвот го нема.

Покрај новиот дизајн на апликацијата, две популарни функции од десктоп верзијата, ноќниот режим и можноста за контрола на брзината, сега ги има и на апликацијата.

На крај, на мобилната апликација од сега можно е прикажување на вертикална снимка преку целиот екран. Меѓутоа, оваа опција се уште не е достапна за сите корисници, пишува „The Verge“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП