30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМекгрегор доби 60 дена медицинска суспензија

Мекгрегор доби 60 дена медицинска суспензија

Ирскиот ММА-борец, Конор Мекгрегор, кој во неделата загуби од Флојд Мејведер во најскапиот бокс меч на сите времиња, ќе мора да паузира два месеца. Мекгрегор го предизвика Мејведер, кој само за овој меч ја прекина пензијата и во Лас Вегас загуби со технички нокаут во 10. рунда.

Мекгрегор ги надмина очекувањата против Мејведер, успеа на боксерскиот шампион да му зададе 111 удари, но сепак не успеа посериозно да му се закани.

Поради силните удари што ги доби и претрпениот потрес на мозокот, лекарите привремено го суспендираа Мекгрегор и му забранија да влезе во рингот во наредните 60 дена. Ирецот доби т.н. медицинска суспензија, што значи дека не смее да се бори сѐ до 26 октомври.

Исто така, лекарите му препорачале до 11 октомври да избегнува секаков физички контакт.

Оваа процедура се практикува по секоја борба со цел да се заштити здравјето на спортистите.

Мекгрегор, и покрај поразот, од борбата излезе побогат за 70 милиони долари, а тој износ може да биде двојно зголемен кога ќе бидат почитувани сите клаузули од договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП