15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКејта Балде за 30 милиони евра се сели во Монако

Кејта Балде за 30 милиони евра се сели во Монако

Кејта Балде го засили нападот на Монако, објави францускиот шампион на својата интернет-страница.

Младиот Сенегалец од почетокот на преодниот рок се поврзуваше со неколку екипи од Серија, но ниту една не сакаше да ја плати сумата што ја бараше Лацио.

Монако за Балде понуди 30 милиони евра и дополнителни пет со разни бонуси, што Лацио веднаш прифати.

„Ова е вистинското место за мене, среќен сум што дојдов во тим со одлични играчи“, рекол Кејта Балде.

Сенегалецот има 22 години, минал низ младинската школа на Барселона, а во 2011 година се пресели во Лацио.

Инаку, Монако претходно го престави и Стеван Јоветиќ, а по пристигнувањето на Кејта Балде, прашање на денот е кога Килијан Мбапе ќе го напушти клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП