21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартува новата сезона во СЕХА-лигата

Стартува новата сезона во СЕХА-лигата

Три натпревари денес ќе ја отворат новата сезона во регионалната ракометна СЕХА-лига. Во новото првенство ќе играат 10 екипи, титулата ја брани Вардар, а покрај „црвено-црните“ македонски преставник ќе биде и Металург.

Покрај Македонија, по два тима во лигата имаат Хрватска (Загреб, Нексе), Словенија (Целје, Горење), Србија (Динамо Панчево, Војводина), а Брест Мешков и Татран Прешов се преставници на Белорусија, односно Словачка.

Оваа сезона во лигата нема да учествува унгарскиот шампион Веспрем.

Почетокот на лигата ќе го обележи македонското дерби Металург-Вардар, кое ќе се одигра в сабота.

Двојки за денешните натпревари:

Татран Прешов – Мешков Брест
Војводина – Динамо
Горење – Целје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП