22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ќе го претстави новиот iPhone 8 на 12-ти септември

Apple ќе го претстави новиот iPhone 8 на 12-ти септември

„Apple“ ќе го претстави својот нов „iPhone 8“ на посебен настан на 12-ти септември, информира „Dow Jones“.

Технолошкиот гигант се очекува да објави голем број нови производи, вклучувајќи и два ажурирани модели на „iPhone“, кои најверојатно ќе ги имаат и имињата на „iPhone 7“ и „iPhone 7 Plus“, покрај „iPhone 8“.

Исто така се верува дека „Apple“ се подготвува да го претстави новиот „4K Apple TV“, како и новиот „Apple Watch“.

Се верува дека на „iPhone 8“ ќе има дисплеј кој го зафаќа речиси целиот фронт на уредот, користејќи „OLED“ панели кои се посветли и поцрни од екраните користени во претходните модели.

Според некои гласини, „Apple“ го премести читачот за отпечатоци од задната страна на телефонот, кој исто така ќе го задржи препознавањето на лицето благодарение на новиот „3D“ сензор на предната страна на уредот.

Цената на „iPhone 8“ се очекува да започне од 1.000 долари. „Apple“ најчесто ја лансира продажбата на своите нови телефони во рок од околу една недела откако ќе бидат презентирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП