27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар го советувал Кутињо да не оди во Барселона

Нејмар го советувал Кутињо да не оди во Барселона

Поранешниот напаѓач на Барселона Нејмар го советувал соиграчот од бразилската репрезентација Фелипе Кутињо да не оди во Барселона.

Нејмар пред три недели ја напушти Барселона и за рекорден трансфер од 222 милиони евра се пресели во ПСЖ. Вицепрвакот на Шпанија по заминувањето на Нејмар тргна по неговиот Кутињо, кој во клубот е означен како наследник на најскапито играч во светот.

„Нема да ти биде жал што Ливерпул те држи подалеку од нив“, наводно му рекол Нејмар на Кутињо.

Каталонците досега испратија три понуди (последната 150 милиони евра) до Ливерпул за Кутињо, но раководството и сосптвениците на клубот од „Енфилд“ ги отфрли понудите со порака дека Кутињо не е на продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП