22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНови главоболки за Ѓорѓевиќ, Калиниќ и Недовиќ го пропуштаат ЕП

Нови главоболки за Ѓорѓевиќ, Калиниќ и Недовиќ го пропуштаат ЕП

Никола Калиниќ и Немања Недовиќ нема да бидат во составот на српската кошаркарска репрезентација за претстојното Европско првенство бидејќи не успеале да се рехабилитираат од повредите.

„На турнирот одам со 12 играчи кои можат и сакаат да играат за Србија. Играчите што се на списокот не чувствуваат никаков притисок. Калиниќ има проблеми со грбот, тој физички не може да го одработи ова првенство. Недовиќ не закрепна од повредата“, изјави српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ.

Србија на Европското првенство ќе настапи без неколкумина важни играчи, покрај Калиниќ и Недовиќ, првенството ќе го пропуштат Симоновиќ, Теодосиќ, Јокиќ, Радуљица, Бјелица.

Србија на ЕП ќе игра во Д-групата во Истанбул, а противници ќе ѝ бидат Турција, Летонија, Велика Британија, Русија и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП