3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВимер e новото засилување на Стоук

Вимер e новото засилување на Стоук

Фудбалскиот клуб Стоук соопшти дека во клубот пристигнал Кевин Вимер од Тотенхем за сума од 20 милиони евра.

Вимер од почетокот на сезоната не беше во плановите на менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, поради што реши кариерата да ја продолжи на стадионот „Британија“.

Дефанзивецот со Стоук потпиша петгодишен договор.

Вимер е четвртото засилување за Стоук во летниот преоден рок, пред него договори со клубот потпишаа Вилфред Зума, Хесе Родригез и Чупо Мотинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП