6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Шарапова ја победи Халеп

УС Опен: Шарапова ја победи Халеп

Руската тенисерка Марија Шарапова во голем стил се врати на Гренд слем турнирите, откако во првото коло на УС Опен ја победи втората носителка Симона Халеп.

Шарапова, која УС Опен го освои во далечната 2006 година, по речиси две години одигра Гренд слем меч и успеа да ја совлада Халеп со 6:4, 4:6, 6:3.

Русинката на УС Опен игра со специјална покана од организаторот.

„Никогаш не знаете што чувствувате се додека не добиете меч топка. Кога тоа ќе помине не можете да го контролирате се она што ви е во главата. Некогаш се прашувате зоѓто толку напорно работите, а ова е одговор на сето тоа“, рекла Шарапова.

На крајот во статистиката Шарапова запиша 60 директни поени и 64 неизнудени грешки, додека Халеп имаше само 14 винери и 15 неизнудени грешки.

Марија Шарапова во второто коло ќе игра против Тимеа Бабош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП