3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрето место за Вардар на „Супер Глоуб“

Трето место за Вардар на „Супер Глоуб“

Актуелниот европски шампион во ракомет, Вардар, го освои третото место на неофицијалното светско клупско првенство наречено „Супер Глоуб“. Во „малото финале“ Вардар го декласираа домашниот Ал Сад со 37-19 (14-10).

„Црвено-црните“ победникот го решија по 25.минута, односно со фуриозна игра во второто полувреме. Ал Сад на пет минути до крајот на првиот дел имаше активен резултат 10:9, но во наредните 35 минути Вардар постигна 27, а прими само 10 голови.

Шишкарев со осум голови беше најефикасен кај Вардар, пет гола постигна Дибиров, а по четири Војводиќ, Стоилов, Македа и Борозан.

Вардар за освоеното трето место освои и чек на 150.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП