3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДембеле пристигна на „Камп Ноу“ (видео)

Дембеле пристигна на „Камп Ноу“ (видео)

Осман Дембеле и официјално стана најскапото засилување во историјата на фудбалскиот клуб Барселона. Дембеле на „Камп Ноу“ пристигна од Дортмунд за сума од 105 милиони евра, која може да нарасне до 150 милиони со пресметаните бонуси. Откупната клаузула во договорт на Дембеле изнесува 400 милиони евра.

Осман Дембеле (20) со Барселона потпиша петгодишен договор, а на „Камп Ноу“ беше преставен пред околу 17.000 навивачи. Во новиот клуб ќе го носи бројот 11 на грбот, кој донеодамна го носеше Нејмар.

Францускиот репрезентативец минатата сезона за Борусија одигра 32 натпревари и постигна шест голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП