27 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндреј Јармоленко кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд

Андреј Јармоленко кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд

Најдобриот играч на Динамо Киев, Андреј Јармоленко кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд, соопшти германскиот клуб.

Јармоленко со „милионерите“ потпиша четиргодишен договор. Тој во Дортмунд пристигна како замена за Осман дембеле, кој во понеделникот стана член на Барселона.

Борусија за трансферот на 27-годишниот Украинец издвои 20 милиони евра.

Јармоленко во кариерата три пати е прогласуван за најдобар играч на Украина (2013, 2014, 2015). За Динамо одиграл 339 натпревари на кои постигнал 137 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар