3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалдез ќе биде заменет со Тер Штеген

Валдез ќе биде заменет со Тер Штеген

ter-stegen1

Барселона бара нов голман кој треба да биде замена откако Виктор Валдес ќе си замине. Според шапанските медиуми во последните денови како прв избор на раководството на клубот се појави германскиот репрезентативец Марк-Андре тер Штеген. Голманот на Борусија Менхенгладбах е најсериозен кандидат да се пресели во редовите на Барса, а и прв избор во конкуренција со Хозе Реина од Ливерпул и Висенте Гуаита од Валенсија.

Германецот има само 21 години и цената му е повеќе од поволна – околу 10 милиони евра. Токму неговите години се предност при изборот за голман на каталонците, затоа што Реина ова лето ќе наполни 31 година, а пак Гуаита е 26 години, но оваа сезона тој има само 11 натпревари во Приемера. Тер Штеген од друга страна не е пропушти ниту еден дуел за својот тим во Бундеслигата и дефинитивно се наоѓа во подобра форма.

Виктор Валдес побара да биде продаден уште пред завршувањето на сезоната, што значи дека каталонците ќе мораат веднаш да купат голман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП