18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ потпиша нов едногодишен договор со Јунајтед

Ибрахимовиќ потпиша нов едногодишен договор со Јунајтед

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед објави дека постигнал договор со Златан Ибрахимовиќ, кој потпишал нов едногодишен договор. Шведскиот фудбалер ќе го носи дресот со бројот десет.

Ибрахимовиќ минатата сезона беше најдобриот играч и стрелец на тимот, но го пропушти финишот од сезоната поради повреда на коленото. Напаѓачот постигна 28 голови на 46 натпревари за Јунајтед.

Тој се повреди во четвртфиналниот реванш со Андерлехт во Лига Европа, а иако лекерите му прогнозираа пауза од девет месеци тој би можел да се врати на терените во октомври.

„Се враќам за да го завршам она што го започнав. Намерата ми беше да останам, истото го сакаше и клубот. Со нетрпение чекам да истрчам на теренот на „Олд Трафорд“, но знам дека морам да почекам за да бидам максимално подготвен“, рекол Ибрахимовиќ.

Шведскиот интернационалец во новата сезона ќе ја носи десеттката, откако деветката му ја препушти на Лукаку, кој во летниот преоден рок пристигна во Јунајтед. н.ц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП