2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООсман Дембеле кариерата ќе ја продолжи во Барселона

Осман Дембеле кариерата ќе ја продолжи во Барселона

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле кариерата ќе ја продолжи во Барселона дознава „Беин спортс“.

Според истиот извор, двата клуба ги договориле сите детали за трансферот, кој ќе изнесува 120 милиони евра, а доколку бидат исполнети условите од клаузулите, сумата би можела да порасне за уште 30 милиони евра.

Ова значи дека трансферот на Дембеле ќе биде вториот најскап во историјата на фудбалот, по оној на Нејмар, кој пред две недели за 222 милиони евра од Барселона замина во ПСЖ.

Младиот Француз ќе биде замена за Нејмар, а подеднакво добро може да игра на двете крилни позиции.

Дембеле (20) пред две години за 15 милиони евра дојде во Дортмунд од Рен, за Борусија одигра 50 натпревари со ефект од 10 голови и 22 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП