Во „Грималди форум“, во Монте Карло вечерва се одржа ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите, во која титулата ја брани мадридски Реал.
Повратникот во елитата Манчестер Јунајтед се наоѓа во А групата, во која носител беше Бенфика, а тука се уште Базел ЦСКА Москва.
Среќа во ждрепката имаше уште еден повратник во елитата, Ливерпул. „Црвените“ се во Е групата заедно со Севилја, Спартак Москва и Марибор.
Актуелниот првак Реал е во Х групата каде противници ќе му бидат Борусија Дортмунд, Тотенхем и АПОЕЛ.
Група А: Бенфика, Манчестер Јунајтед, Базел, ЦСКА Москва
Група Б: Баерн, ПСЖ, Андерлехт, Селтик
Група Ц: Челзи, Атлетико Мадрид, Рома, Карабаг
Група Д: Јувентус, Барселона, Олимпијакос, Спортинг Лисабон
Група Е: Спартак Москва, Севилја, Ливерпул, Марибор
Група Ф: Шахтјор, Манчестер Сити, Наполи, Феенорд
Група Г: Монако, Порто, Бешикташ, Лајпциг
Група Х: Реал Мадрид, Борусија, Тотенхем, АПОЕЛ
Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне на 12.септември, а финалето ќе се одигра на 26.мај 2018 година во Киев.