22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо прогласен за фудбалер на годината 2016/17 според УЕФА

Роналдо прогласен за фудбалер на годината 2016/17 според УЕФА

Уште еднаш најдобриот стрелец во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо втора последователна сезона е именуван од УЕФА за “Машки играч на годината”.

32-годишниот португалски интернационалец, кој му помогна на шпанскиот тим да освои втора последователна титула во Лигата на шампионите, а воедно и 12-та во европските натпреварувања- ја доби наградата во Монако, за време на извлекувањето на групната фаза од Лигата на шампионите за 2017/18.

Роналдо го освои трофејот втора последователна сезона и трет пат вкупно.

Тој заврши пред двајцата други кандидати во потесен круг, Лионел Меси и Џанлуиџи Буфон, во анкетата на 80-те тренери во групната фаза од Лигата на шампионите 2016/17 и УЕФА Лига Европа, заедно со 55 новинари избрани од European Sports Media (ESM).

“Мило ми е што сум овде, и чест ми e што повторно го освоив овој трофеј”, рече Роналдо по добивањето на наградата.

“Благодарам и на моите соиграчи и им честитам на нив. Им благодарам на поддржувачите на Реал Мадрид и на сите кои ми помогнаа да го освојам овој трофеј”.

Роналдо, кој заврши како најдобар стрелец во Лигата на шампионите минатата сезона со 12 гола, вклучувајќи ги и двата во финалето против Јувентус во Кардиф, доби 482 поени во анкетата, Меси (141 глас) и Буфон (109 гласови) завршувајќи втор и трет .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП