7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОKрај на репрезентативната кариера на Руни

Kрај на репрезентативната кариера на Руни

Фудбалерот на Евертон, Вејн Руни, објави дека се повлекува од националниот тим на Англија. Руни е најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација со 53 гола.

„Мислам дека сега е вистинското време. Ова навистина е тешка одлука, но откако разговарав со семејството ја донесов одлуката. Засекогаш ќе останам најверниот навивач на Англија. Голема чест за мене беше кога селекторот Саутгејт ми порача дека сериозно смета на мене на наредните натпревари. Сепак морав да му се заблагодарам“, објави Руни во своето соопштение.

Напаѓачот кој летово се врати во Евертон, каде ја започна професионалната кариера, последен пат за репрезентацијата играше во ноември лани кога Англија во квалификациите ја совада Шкотска со 3:0.

Руни го загуби своето место во националниот тим, во исто време кога ја загуби и довербата кај Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед. Во понеделникот тој на натпреварот против Манчестер Сити го постигна 200 гол во Премиер лигата.

Во соопштението тој наведува дека жали што со репрезентацијата не стигнал подалеку од четвртфиналето на некое големо натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП