4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИсториски резултат на Карабаг, Ристовски со Спортинг ќе игра во ЛШ (видео)

Историски резултат на Карабаг, Ристовски со Спортинг ќе игра во ЛШ (видео)

ЦСКА Москва, Спортинг Лисабон, Ливерпул, АПОЕЛ и Карабаг се последните пет екипи кои изборија пласман во главната фаза во Лигата на шампионите за сезоната 2017/2018. Историски успех оствари Карабаг кој успеа да го елиминира Копенхаген и за прв пат во историјата му обезбеди на Азербејџан место во фазата по групи во елитното натпреварување.

Карабаг во Копенхаген допатува со минимална предност од 1:0 по првиот меч, а во реваншот загуби со 2:1. Голот кој го постигна Ндову во 63.минута, кога израмни на 1:1 го однесе азербејџанскиот шампион во Лигата на шампионите. Претходно Копенхаген водеше со голот на Сантандер во 45.минута, а конечните 2:1 ги постави Павловиќ во 66.минута.

АПОЕЛ по три сезони се враќа меѓу елитата откако успеа да ја елиминира Славија Прага. Овој двомеч го реши првиот натпревар на Кипар кога АПОЕЛ победи 2:0, а во реваншот, во Прага немаше голови.

Ливерпул со две победи над Хофенхајм си обезбеди билет за фазата по групи. „Црвените“ првиот меч на гостински терен го добија со 2:1, а во реваншот по само 28 минути игра имаа предност од 3:0 кога голови постигнаа Емре Џан, Салах и уште еднаш Емре Џан. Потоа Ут намали на 3:1, а во второто полувреме Фирмино постигна гол за Ливерпул, а Вагнер за Хофенхајм за конечни 4:2.

ЦСКА рутински го мина Јанг Бојс, по 1:0 во Швајцарија, московскиот тим на домашен терен победи со 2:0. Стрелци на головите беа Шеников во првото и Дзагоев во второто полувреме.

Спортинг во Букурешт кај ФЦСБ (поранешна Стеауа) отпатува со 0:0, но Португалците во реваншот го декласираа противникот со 5:1. Ова значи дека Македонија во името на Стефан Рисотвски ќе има преставник во Лигата на шампионите.

Думбија, Акуња, Мартинс, Дост и Батаља ги постигнаа головите за Спортинг, а единствен стрелец за романскиот тим беше Марањао.

Извлекувањето на групите за Лигата на шампионите ќе се одржи денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП