26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајважното за Nokia 8 (видео)

Најважното за Nokia 8 (видео)

„HMD Global“ го претстави „Nokia 8“. Предводникот ќе добие 5.3-инчен екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели, двојна 13-мегапикселна камера, „Snapdragon 835“ и батерија со капацитет од 3090 mAh.

Ќе има верзии со 6 GB RAM меморија и 128 GB вградена меморија. По објавувањето, претставниците на компании објавија и рекламни видеа.

Како што објавија од сајтот „phandroid“, видеата се појавија на официјалниот „YouTube“ канал на „Nokia Mobiles“.

Првото видео го презентира смартфонот: двојната камера со „Carl Zeiss“ оптика и функцијата за транслација на записи од предната и задната камера истовремено.

Предводникот користи технологијата „OZO“ за 360-степен снимање на звук, а куќиштето му блеска во светли бои.

Во другото видео се нагласува моќноста на чипсетот „Snapdragon 835“. Внатрешната конструкција на „Nokia 8“ рамномерно ја распределува топлината што исклучува прегревање.

Смартфонот ќе се појави во продавниците во септември. Цената му е 600 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП