4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез победник на мечот Манчестер Сити - Евертон (видео)

Без победник на мечот Манчестер Сити – Евертон (видео)

Манчестер Сити и Евертон одиграа 1:1 (0:1) во последниот натпревар од второто коло во Премиер лигата.

Манчестер Сити како голем фаворит влезе во натпреварот со Евертон, но на крајот мораше да спасува еден бод, откако по првиот дел имаше играч и гол помалку од „карамелите“.

Мечот го обележа легендата на англискиот фудбал, Вејн Руни, кој во 35.минута по асистенцијата на Калверт-Левин го постiгна 200 гол во Премиер лигата.

Сити во финишот на првиот дел остана со играч помалку откако Кајл Вокер во интервал од три минути доби два жолти картони.

Во второто полувреме Евертон се повлече, го чуваше водството и од контранапади се обидуваше да стигне до голот на Едерсон.

Иницијативата на Сити вроди со плод во 82.минута кога Стерлинг го постигна израмнувачкиот гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП