22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа САД опен тројна трка за првото место на АТП-листата

На САД опен тројна трка за првото место на АТП-листата

Рафаел Надал од денес повторно е прв на АТП-листата, прв пат по 2014 година, но конкурентите на Шпанецот, Енди Мареј и Роџер Федерер, се блиску до него.

Надал има 7.465 бода, Мареј има 500 помалку, а Федерер 505. Малата бодовна разлика меѓу овие тројца дава дополнителна неизвесност на престојниот гренд слем турнир во Њујорк, САД опен.

Има многу сценарија за тоа кој ќе биде прв по САД опен, а Надал сигурно ќе остане прв доколку победи во Њујорк.

Доколку Надал испадне во четвртото коло или во четврт-финалето, Мари ќе мора да стигне до финалето за да се врати на првото место, а на Федерер му е потребен пласман во полуфиналето.

Ако Шпанецот испадне во полуфиналето, тогаш Федерер, за да биде прв, ќе мора да стигне до финалето, а Мареј ќе мора да ја освои титулата во Њујорк. Ако Надал загуби во финалето, тогаш Федерер или Мареј ќе мора да ја освојат титулата за да се искачат на првата позиција на АТП-листата.

Доколку, пак, Мареј испадне во четвртото коло или во четврт-финалето, тогаш Британецот ќе падне на третото место, дури и Федерер или Надал да испаднат во првото коло.

Последниот гренд слем во сезоната, САД опен, ќе започне на 18 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП