27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо 40 години Шаф си замина од Вердер

По 40 години Шаф си замина од Вердер

800px-Thomas_Schaaf_-_SV_Werder_Bremen_(3)

Томаш Шаф (52) повеќе не е тренер на Вердер од Бремен. Според пишувањата на германските медиуми до спогодбено раскинување на соработката дошло по состанокот на Шаф со челниците на клубот. Било заклучено дека не се исполнети целите кои ги имале зацртано пред почетокот на сезоната затоа што Вердер заврши на разочарувачкото 14-то место во Бундеслигата, па поради тоа дошло време за разделба.

„ Му благодариме на Томаш Шаф за се што направи за Вердер во изминатите 40 години, што како играч, што како тренер. Тој е легенда на клубот и секогаш ќе остане“, стои во соопштението на Вердер од Бремен.

Во 1999-та година Томаш Шаф седна на клупата на „зелените“ и го водеше тимот на 644 средби во сите натпреварувања.

Тој во 2004-та година ја освои титулата шампион на Германија, а исто така трипати триумфираше во германскиот Куп (1999, 2004, 2009). Шаф со тимот на Вердер во 2009-та година дојде до финалето од Лига Европа каде беше поразен од Шахтјор Доњецк со 2:1.

Вердер во последното коло во германското првенство ќе го предводат досегашните помошници на Шаф, Волфганг Ролф и Матијас Хенербах.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП