4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Не сме фаворити за титулата

Мурињо: Не сме фаворити за титулата

Жозе Мурињо менаџерот на Манчестер Јунајтед смета дека неговиот тим не е фаворит за освојување на титулата во Премиер лигата.

По поразот во Скопје на 8.август од Реал, во рамките на Суперкупот на УЕФА, Јунајтед во првото коло во Премиер лигата го декласира Вест Хем со 4:0, но кај Мурињо нема еуфорија во пресрет на денешното гостување кај Свонси.

„Премногу сум искусен за да можам лесно да ја загубам сопствената дисциплина и да полетам по таа победа. Ние не сме никакви фаворити, ниту пак сме дрим тим. Ние сме екипа со малку повеќе самодоверба која имаше доволно време да се уигра. На мечот со Вет Хем имаше многу, многу добри работи. Не е поентата во секој натпревар да победуваме со таков резултат, туку да ја повториме играта од тој меч“, рекол Мурињо.

Јунајтед ова лето потроши 170 милиони евра за трансферите на Лукаку, Матиќ и Линделоф, а Португалецот верува дека во клубот повеќе нема да пристигне ниту еден друг играч, иако самиот неколку пати истакна дека му недостига уште еден крилен напаѓач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП