2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии: Концептниот BMW Z4 пред премиерата

Први фотографии: Концептниот BMW Z4 пред премиерата

Непосредно пред официјалната премиера на концептниот „BMW Z4“ на Натпреварот за елеганција во Пебл Бич, слики од автомобилот веќе се појавија на интернет.

Кадрите, обезбедени од специјализираниот сајт „Bimmerfile“, покажуваат целосно кабрио, кое треба да го демонстрира новиот дизајнерски јазик на германската марка.

Дизајнот на автомобилот е во границите утврдени од последните концептуални модели на „BMW“ – „X2“ и „Series 8“. Кај концептниот „Z4“ како акценти можат да бидат наведени изгледот на решетките, мазните линиите на каросеријата, поблиските стоп-светла во споредба со претходниот „Z4“ и додавањето на интегриран спојлер на багажникот – потсетник за „задниците на Бенгел“ кај моделите на „BMW“ од почетокот на векот.

И покрај екстравагантниот лик на „Z4“, многу аналитичари сметаат дека сериската верзија нема да се разликува сериозно од концептот.

И иако шефовите на „BMW“ најавија дека развојот на дизајнот на моделите ќе е „прилично еволуција отколку револуција“, концепт се разликува сериозно од последниот сериски „Z4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП