28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Петарда“ на Селтик, минимални порази на Риека и Марибор (видео)

„Петарда“ на Селтик, минимални порази на Риека и Марибор (видео)

Севилја, Селтик и Наполи се на чекор до пласман во главната фаза во Лигата на шампионите, додека Риека и Марибор имаат активен резултат во пресрет на реваншите против Олимпијакос, односно Хапоел кои ќе ги играат на домашен терен.

Хрватскиот шампион Риека имаше водство против Олимпијакос, а потоа и нерешен резултат 1:1 се до 93.минута кога Ромао му обезбеди предност на грчкиот првак.

Претходно Хебер во 42.минута погоди за предност на Риека, а Оџиџе израмни во 66.минута. Поранешниот македонски репрезентативец Жута започна во стратната постава на Риека, но мечот го заврши во 83.минута кога го доби вториот жолт картон.

Наполи ја совлада Ница со 2:0 со головите на Мертенс во првото и Жоргињо од пенал во второто полувреме, Ница последните 11 минути ги одигра со двајца фудбалери помалку.

Севилја славеше во Истанбул над Башакшехир со 2:1 со головите на Ескудеро и Бен Једер, а голот за домаќините го постигна Елиа.

Марибор против Хапоел водеше со голот на Таварез, а пресврт и победа на Хапоел му обезбедија Нвакаеме и Тзедек.

Селтик во Глазгов со 5:0 ја декласира казахстанска Астана.

Резултати:
Башакшехир-Севилја 1:2
Селтик-Астана 5:0
Хапоел Бер Шива-Марибор 2:1
Наполи-Ница 2:0
Олимпијакос-Риека 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП