14 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарите загубија од Естонија, „виси“ пласманот во квалификациите за СП

Кошаркарите загубија од Естонија, „виси“ пласманот во квалификациите за СП

Македонските кошаркари со пораз ги завршија претквалификациите за Светското првенство во 2019 година. Вчера во Талина Македонија загуби од Естонија 74:65 (16:18, 25:23, 13:14, 20:10) и со скор од само една победа и три порази ќе го чека исходот од мечот помеѓу Естонија и Косово кој ќе ја даде конечната разврска во групата.

Македонија рамноправно се носеше со Естонците три четвртини од натпреварот. По 30 минути игра избраниците на Јорданчо Давитков имаа минимална предност 54:55, но потфрлија во последната четвртина, која Естонија ја доби со 10 поени за конечен триум од 74:65.

Теодор постигна 19 поени, еден повеќе од капитенот Стојановски, додека Естонија ја предводеше Сок со 15 кошеви.

Естонците на досега одиграните три натпревари забележаа исто толку победи и обезбедија пласман во квалификациите за Светското првенство, но во сабота, во Приштина ќе треба да одиграат за Македонија. Доколку Естонците победат Македонија ќе игра во квалификациите, во спротивно квалификации за светско ќе игра Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП