19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈаневски нов тренер на Вардар, ќе дебитира против Фенербахче

Јаневски нов тренер на Вардар, ќе дебитира против Фенербахче

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, во пресрет на утрешниот натпревар со Фенербахче во Лига Европа, го промовираше Чедомир Јаневски во нов шеф на стручниот штаб. Јаневски по 28 години се враќа во „црвено црниот“ табор, а на клупата го наследи Гоце Седловски.

„Да се заблагодарам на управат што ми овозможи да се вратам во Вардар, преку овој клуб направив афирмација надвор од земјата. Вардар е најголемото име во Македонија, еднаш и во Југославија беше шампион“, рече на Јаневски кој со Вардар потпиша двегодишен договор.

Поранешниот селектор на македонската репрезентација дебито ќе го има денес против Фенербахче, во рамките на Лига Европа.

„Фенер е добро скаутиран, анализата е направена. Играме пред нашите навивачи, ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат. Фенер е противник кого го респектираме. Вардар има шанса да се пласира во фазата по групи, да испише историја на мкаедонскиот фудбал. Против Фенер ќе ни биде потребна мудрост, концентрација…“, рече Јаневски.

Натпреварот Вардар-Фенербахче се игра вечер на националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП