17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗизу е лут поради казната на Роналдо

Зизу е лут поради казната на Роналдо

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, рекол дека е „вознемирен“ поради суспнзијата која Фудбалскиот сојуз на Шпанија (ФСШ), му ја изрече на Криситјано Роналдо. ФСШ го суспендира Португалецот на пет натпревари, поради црвениот картон кој го доби против Барселона, во неделата и поради тоа што откако беше исклучен го оттурна главниот судија.

„Многу сум изневиран. Сите ние сме вознемирени. Не сакам да ги напаѓам судиите, но кога ќе погледнете што се случи и ќе помислите дека Кристијано нема да игра пет натпревари…Нешто се случи, вознемирен сум“, рекол Зидан на прес конференција.

Кристијано е суспендиран на еден натпревар поради цвениот картон, а четири поради тоа што го оттурна главниот судија на првиот меч од шпанскиот Суперкуп против Барселона.

Реал ја обжали одлуката на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП