4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Ливерпул, АПОЕЛ и ЦСКА на чекор до главната фаза (видео)

ЛШ: Ливерпул, АПОЕЛ и ЦСКА на чекор до главната фаза (видео)

Ливерпул, АПОЕЛ и ЦСКА Москва се на чекор до пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.

Ливерпул како гостин го победи Хофенхајм со 2:1. Откако Крамариќ не реализира пенал за Хофенхајм по 12 минути игра, левиот бек Арнол во 35.минута го постигна првиот гол, а ветеранот Милнер на 15 минути до крајот зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Ут во 87.минута.

АПОЕЛ во првите десет минути ја нокаутира Славија Прага кога и ги постигна двата гола, за конечни 2:0. Стрелци на головите беа Да Камагро и Алонефтис.

Јанг Бојс загуби од московска ЦСКА минимално 0:1, а голот го постигна играчот на Јанг Бојс Касам во 92.минута.

Спортиг во Лисабон го пречека ФЦСБ (поранешна Стеауа), но големата надмоќ не успеа да ја круниса со гол. Натпреварот заврши без голови.

Копенхаген, кој во претходната рунда го елиминира Вардар, гостуваше во Азербејџан кај Карабаг. Домашниот тим успеа да оствари победа од 1:0 со голот на Мадатов во 25.минута.

Денеска ќе играат Башакшехир-Севилја, Селтик-Астана, Хапоел Бер Шива-Марибор, Наполи-Ница и Олимпијакос-Риека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП