18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиер лигата размислува да го скрати преодниот рок

Премиер лигата размислува да го скрати преодниот рок

Премиер лигата размислува да го скрати преодниот рок што ќе донсе револуција во трансфер периодот на Островото но и во континенталниот дел на Европа.

Иако Премиер лигата започна на 11.август, најголем дел од тимовите сеуште не го формирале ростерот за тековната сезона. Проблемот е што конечните состави екипите ќе ги имаат на 31.август, а дотгаш ќе бидат одиграни три рунди во Премиер лигата.

Во моментов неизвесна е ситуацијата со Алексис Санчез од Арсенал, Челзи, според најавите, планира да донсе уште дваца-тројца играчи, за трансфери размислува и Манчестер Јунајтед.

Поради ова челниците на тимовите излегоа со предлог да биде скратен преодниот рок, односно тој да заврши на 7.август. На состанокот кој ќе се одржи на 7.септември, потребно е за предлогот да гласаат 14 од 20 клубови, а извесно е дека истиот ќе биде прифатен.

Доколку овој предлог биде прифатен тој ќе се однесува само играчите кој ќе потпишат за тим од Премиер лигата, додека играчите ќе можат да ја напуштаат лигата до крајот на преодниот рок во останатите земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП