28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекер продолжува да тоне: Нови финансиски долгови

Бекер продолжува да тоне: Нови финансиски долгови

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, продолжува да се соочува со финансиски проблеми. Откако поради лоша инвестиција во нафтените компании во Нигерија загуби 100 милиони евра, весникот „Билд“ објави дека на површина испливал уште еден долг на Бекер од 35 милиони евра.

„Последен пат на оваа тема разговаравме во март 2015 година. Тоа беше последен обид да го решиме проблемот, за да не мора да одиме на суд, но несогласувањата се непремостливи“, рекол бизнисменот Ханс-Дитер Клевен, на кого Бекер наводно му должи пари.

„Бекер ми понуди недвижнини и имотот кој го поседува во Шпанија, а јас му одговорив дека тоа веќе ми припаѓа мене. Адвокатите потоа дознаа дека тој имотот го ставил под хипотека за да земе неколку милиони. Морав да ја земам куќата на неговата мајка, но не сакав да одам толку далеку“, заклучил Клевен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП