18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГоце Седлоски повеќе не е тренер на Вардар

Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Вардар

Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Вардар, откако во вторникот поднесе оставка на функцијата. Како причини за оставка Седлоски ги наведе поразите од Копенхаген, по кој Вардар испадна од Лигата на шампионите и Шкендија во рамките на првото коло во домашното првенство.

„Тие два порази ме погодија многу бидејќи јас како човек не сум навикнат да губам, но и фудбалскиот клуб Вардар не е навикнат на порази. Горд сум на постигнатото. Успеавме да освоиме две титули во две години, а горд сум и на победата над Малме и пласманот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, како и домашната победа со Копенхаген“, стои меѓудругото во соопштението со кое Седлоски ја поднесе оставката.

Инаку, Вардар, в четврток ќе го одигра првиот натпревар од плејофот во Лига Европа против Фенербахче, а најверојатно тимот ќе го води помошникот на Седлоски, Александар Васовски.

Што се однесува до наследникот на Седлоски, јавноста шпекулира со името на поранешниот селектор на Македонија, Чедомир Јаневски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП