1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMилан на шопинг во Мадрид

Mилан на шопинг во Мадрид

8938adriano-galiani-kaka-perez

Офанзива на „росонерите“! Благодарејќи на добрите односи со Перез, Адриано Галијани се обидува да доведе во Милан звучни засилувања од редовите на „кралевите“.

Галијани се сретна со Перез во Холандија, а тема на разговор биле фудбалерите кои би можеле да го напуштат Мадрид по заминувањето на Мурињо.

Милан планира серизоно да му се спротистави на Јувентус во наредната сезона и поради тоа имаат за цел да ги засилат своите редови. Барбара Берлускони пред неколку недели најави дека со доаѓањето на Балотели не ја завршиле работата кога се во прашање доведувањето на супер-ѕвезди.

„Росонерите“ бараат голман,  а Диего Лопез им е прв на листата затоа што со заминувањето на Мурињо Касилјас повторно ќе биде незаменлив. Тие го споменуваат и Ди Мариа, иако тој е преголем залак за нив, а исто така се збори и за Модриќ, Калјехон и Пепе.

Галијани најверојатно се откажа од Кака кој е подготвен да игра за помала плата, но враќањето во клубот на поранешни фудбалери како што беше случајот со Шевченко не покажаа добри резултати.

Целта на Милан е да се засили централната одбрана и средниот ред, а што се однесува до нападот тие сакаат да го задржат Бојан, но само доколку Барселона максимално ја намали цената или да ја продолжи позајмицата.

Сепак и натаму прво прашање ќе биде тренерот, имено Алегри бара продолжување на соработката, додека Берлускони се премислува и сака да го отпушти. Па поради тоа и оваа позиција во клубот ќе биде акутелна во летниот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП