6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова доби „вајлд карта“ за УС Опен

Шарапова доби „вајлд карта“ за УС Опен

Руската тенисерка Марија Шарапова доби специјална покана од организаторите на последниот гренд слем во сезоната, УС Опен. Таа по пауза од 15 месеци, откако и истече суспензијата поради допинг, повторно ќе се најде во главната ждрепка на еден гренд слем, пренесе БиБиСи.

Шрапаова (30) на тенисот му се врати во април годинава на турнирот во Штутгарт, но потоа не доби „вајлд карта“ од организаторите на Ролан Гарос, за потоа таа поради повреда се се повлече од Вимблдон, откако реши да не бара специјална покана.

Петкратната гренд слем шампионка во моментов се наоѓа на 148.место на ВТА листата.

Марија Шарапова во 2006 година, кога имаше 19 години успеа да триумфира на УС Опен. Таа е една од ретките тенисерки која ги има освоено четирите гренд слем турнири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП