11 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Коста: Сакам да играм за Атлетико, а не во Кина

Диего Коста: Сакам да играм за Атлетико, а не во Кина

Диего Коста сè уште е член на Челси, но неговата иднина е неизвесна во овој клуб бидејќи менаџерот Антонио Конте му порача дека може да замине. Бразилецот со шпански пасош во интервју за „Дејли мејл“ проговорил за односот со италијанскиот стратег.

Диего Коста минатата сезона беше најдобриот стрелец на Челси во походот на шампионската титула во Премиер лигата.

Сепак, по освојувањето на титулата, стана непожелен на „Стенфорд Бриџ“, Конте му порача дека може да замине, а клубот го донесе Алваро Мората. Коста има намера да се врати во Атлетико, но трансферот е далеку од реализација.

„Чекам да ми дозволат да си заминам. Не сакав да си одам, бев среќен, но кога тренерот не ве сака во тимот, тогаш мора да си одите. Во јануари требаше да потпишам нов договор, но тоа не се случи и претпоставувам дека тоа е одлука на тренерот. Го почитувам како одличен тренер кој направи многу за Челси, но не го почитувам како личност. Тој не е близок со играчите, оддалечен е од нив, нема харизма“, рекол Коста.

Напаѓачот вели дека негова единствена желба е да се врати во Мадрид, во тимот на Атлетико, со кој во 2014 година ја освои Примера.

„Сакам до крајот на месецот Челси да постигне договор со Атлетико. Ги одбив сите други понуди. Сакаа да ме продадат во Кина, но моја желба е да играм за клуб што јас ќе го изберам, а не во клуб што ќе понуди најмногу пари“, дополнил Диего Коста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП