ИНТЕРЕСНО

Со победата над Федерер, Зверев го освои Мастерсот во Монтреал

Младиот Германец, Александар Зверев, ја освои титулата на Мастерсот во Монтреал. Зверев во финалето го победи Роџер Федерер со 6:3, 6:4.

Зверев изнендувачки лесно за 79 минути игра се справи со Федерер, за кого оваa сезонава е прв пораз во финале на турнир од Мастерс или Гренд слем серијата.

Германецот ја освои втората Мастерс титула сезонава, откако во мај славеше над Новак Ѓоковиќ во Рим.